Село Паничари конечно ќе добие ново училиште – срцето му е полно бидејќи на подареното земјиште се гради училиште

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Паничари е планинско село во општина Сарај. Жителите веќе долго време бараат да се изгради нов училиштен објект бидејќи децата учат во многу лоши услови во старото училиште.

Изградбата на училиштето почна на земјиштето кое ја подарија браќата Јакупи пред 2 години. Еден од браќата, Екрем вели дека му е полно срцето кога гледа дека почнала изградбата на училиштето. Според него, жителите не село Паничари веќе нема да имаат причини за да си заминат од селото бидејќи, како што вели, една од најчестите причини за тоа беше токму училиштето.

Но се уште има многу работа. Објекти скоро е при крај но не се знае кога ќе биде завршен. Зборувавме и со Секторот за образование при општина Сарај, од таму телефонски ни рекоа дека според планот училиштето треба да биде завршено во текот на годината. Во основното училиште во село Паничари настава следат 40 ученици.