Село во Германија стана центар на ЕУ – со заминувањето Велика Британија направи нови географски граници

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мало германско село, стана новиот географски центар на Европската унија, откако Велика Британија и официјално го напушти европското семејство.

Гадхајм, во близина на Вирцбург, со население од околу 80 луѓе, а со неговите координати – 9 степени, 54 минути, 7 секунди источна должина и 49 степени, 50 минути, 35 секунди северна географска ширина – ја одредува точно географската средина на ЕУ, според Францускиот Национален географски институт.

Францускиот Национален географски институт го пресметува центарот врз основа на границите на ЕУ, односно површината на земјите членки. Најнапред се земаат координатите на надворешните граници за земјите членки, а потоа се бара центарот.  

Пред Брегзит, ова беше само едно обично, непознато мало село во Германија. Сега таму се вее знамето на Европската унија и за него дозна целиот свет.