Семејство избркано од Центарот за бездомници – препуштени сами на себе, седумте члена останаа на улица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Се огласи Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

Премиерот Заев со порака на Фејсбук возврати на денешните обвинувања од страна на Каракачанов.

Тетовчанка сама живее во студентски дом – поради сиромаштијата не може да ги земе децата со неа

Ова е Зана Куќи од Тетово. Таа живее сама во студентски дом во студентската населба. Нејзиниот живот...

Каракачанов: „По стар бугарски обичај, на Бугаринот му доаѓа паметот следниот ден, па така е и со колегата Заев“ (ВИДЕО)

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во изјава за медиумите упати навреда кон македонскиот премиер Зоран Заев истакнувајќи дека...

Интерпелациите не ја плашат Владата – Дали Владата би „преживеала“ ако се гласа за нејзина доверба?!

Власта не ја плашат ниту интерпелациите, ниту гласањето доверба, но од друга страна бараат од опозицијата конструктивност...

Регистрирани 463 нови случаи на коронавирус во Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.127 тестирања, регистрирани се 1.022 нови...

Стојат пред врата, не знаејќи што ќе се случи со нивната судбина. Ова е семејството Ајетовски од Тетово, чиј дом веќе 8 години е Центарот за бездомници во Чичино Село во Скопје. Вчера, директорот на Центарот за социјални работи во Тетово, Дарко Обадиќ, им рекол дека ќе треба да го напуштат Центарот во Чичино Село, без да им ја каже причината. Домаќинот Тахир во неверување и без решение.

-Нека ни најдат некоја  барака, нека биде и од лим, само да имам каде да ги засолнам децата. Имам четири деца, и јас и сопругата, шестина сме. Немаме каде да ја поминеме зимата-рече Тахир Ајетовски.

ТВ21: Дали директорот ви ја кажа причината.

Тахир: Не, не.

Сопругата на Тахир вели дека не земаат ниту социјална помош. Децата се сѐ уште мали, а Љуљета е бремена, па доколку се иселат од Центарот во Чичино село, ќе останат на улица и препуштени сами на себе.

-Каде да одам? Сопругот не работи, не земаме социјална помош, ништо.
-Не ја знаете причината поради која ве бркаат?
-Не, не.
-Дали сите документи се во ред?
-Сите документи ги имам, извод од матичната книга на родените, книшка. Не знам што се случува зошто нѐ бркаат без никаква причина…

Контактиравме со директорот Дарко Обадиќ. Иако случајот е вчерашен, вели дека поради тоа што го нема предметот со себе не може да ни ја каже причината зошто ова семејство останува без кров над глава. Од Министерството за труд и социјална политика рекоа дека во текот на денешниот ден ќе излезат со писмен одговор.

.