Семејство од Кичево во сиромаштија и без надеж – со три мали деца за две недели ќе останат на улица!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е Флорије Сејди, мажена во Кичево и има 3 деца. Живее под кирија и во многу тешки услови заедно со децата и сопругот. Мажот работи во приватни фирми, но едвај успеваат.

„Јас живеам под кирија 15 години, додека овде живеам под кирија 9 години, ме бркаат од станот, мојот сопруг работи приватно, имам уште две деца кои се на училиште. Не можеме да ја платиме киријата, ме иселуваат. Овде плаќаме 140 евра струја и вода, во зависност од тоа колку ќе дојде струја, не успеваме да платиме вкупно 150 евра“, вели Флорије Сејди.

Куќата во која живеат 9 години не ги исполнува минималните услови за живеење, се е старо и скршено, додека ветерот дува од сите страни низ старите прозорци.

Таа ги спакувала куферите, но освен на улица, нема каде да одат.

„Уште две недели ми остануваат, од тука немам пари за кирија, да платам со 1000 денари. Не можам сама да ја снајдам, на момчето му требаат пелени и други работи, не стигнува. До 20-ти треба да излезам“, вели Флорије Сејди..

Двете постари момчиња одат на училиште и имаат одлични оценки. Учат многу, но немаат услови за учење. Таа денеска го испратила најстариот син на училиште без пред тоа да му даде храна.

„Да, денес го испратив син ми без пари, реков мамино немам, сите деца денес јадеа, ги гледаше другите со главата свртена, не е лесно за мене, верувај ми. Сè е стрес, не можеме да плаќаме месечно“, вели Флорије Сејди.

А ова малечкото што го гледате на видеото има 5 месеци, кога нема со што да го нахрани, му дава чај.

„Не се учи во спална, големиот често ми вели, ај мамо, многу сакам да имам соба, сопствена соба, да живеам како сите деца и му реков, дај боже да му ја  исполнам оваа желба“, вели Флорије Сејди.

Некогаш ова семејство некако преживува од работата на сопругот, бидејќи и животот беше поевтин. Денес, кога сè поскапе, парите што ги добива нејзиниот сопруг не стигнуваат за храна и з кирија  и други трошоци.

„Кој има можност да ми помогне, господ да ги благослови тие што ми помагаат и тие што не ми помагаат, Господ да го награди со добри работи, не ми е лесно да излезам овде, верувајте, јас знам каков стрес имам, дај Боже сите што ќе ми помогнат,  Господ златна лажица да им даде, дај Боже и мене да ми помогне“, вели Флорије Сејди..

Госпоѓата ги моли добронамерните луѓе да и подадат рака, оти нема каде да оди. За две недели мора да излезе од дома,а единствено решение и е улицата.