Семејството на Стивен Ивановски бара донации за погребални трошоци по смртта на 16-годишникот во Кран-Монтана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Семејството на 16-годишниот Стивен Ивановски, кој трагично загина во пожарот во барот „Констеласион“ во Кран-Монтана, Швајцарија, за време на дочекот на Нова година, повика на донации за покривање на погребалните трошоци.

Стивен бил во барот заедно со својата сестра, која за среќа преживеала откако излегла малку надвор. Македонското друштво „Пианец“ во Швајцарија на социјалните мрежи ја опиша трагедијата како „страшна судбина на ова братство“ и апелираше за помош.

Друштвото соопшти дека се отворени трансакциски сметки за поддршка на семејството во справувањето со погребните трошоци и финансиската помош во овој тежок период на жалост.

За донации во Македонија:

Жиро сметка: 300057104118092 (Комерцијална банка)

Цел на дознака: Донација за Стивен Ивановски

Шифра на плаќање: 562 – уплати за донации

За странство:

IBAN: MK07300307065362360

SWIFT: KOMSMK2X

Секој гест на помош, без разлика колку е мал, ќе биде драгоцена поддршка за семејството на Стивен во ова тешко време на загуба.