Сензација во шпанскиот фудбал: Реал Мадрид загуби од третолигаш и доживеа елиминација од Купот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Чудо се случи вечерва во шпанскиот Куп, кое го приреди третолигашот Алкојано кој го елиминираше големиот Реал Мадрид по продолженијата. И тоа „кралевите“ имаа и играч повеќе во последните мигови.

Откако Реал поведе во 45. минута преку Милитао, третолигашот Алкојано успеа да израмни во 88. минута преку Солбес.

Аматерскиот тим остана со играч помалку во продолженијата, но Казанова во 115. минута успеа да погоди во голот на Реал Мадрид, и да донесе огромна сензација.