Сергеј Варошлија сведок во „Рекет“ – богатството на Боки 13 му го остави баба му, модни куќи му подарувале облека

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Модниот критичар Сергеј Варошлија во судница сведочеше за блискоска со Бојан Јовановски. Рече дека Боки 13 бил инфлуенсер и модни куќи му подарувале облека и очила со цел рекламирање.

На прашање од обвинителкара Вилма Русковска дали знае дека има докази од фискални сметки за гардеробата која Бојан Јовановски ја купувал, тој одговори негативно.

„Деталите ги оставам во судница, голем дел од таа гардероба не е стекната туку така, тоа е со години. Голем дел од таа е поклонета“, истакна Сергеј Варошлија.

Вториот сведок Алекс Кртов, сопственик на галерија, рече дека Бојан Јовановски му бил муштерија и му урамувал огледала за станот во Орман. Посочи дека има склучено реверс за тие слики, договор за продажба се прави кога тие ќе се продадат.

„Му правев некое огледало за станот во Орман. Имаше добар стан и тогаш го уредуваше. Јас му предложив да ставиме некои уметнички слики да постојат некое време. Знаете во тоа време тој беше ѕвезда скопска и таму се вртеа еминентни луѓе. Мене ми беше идеја по некое време да направиме аукција на телевизијата што ја водеше тогаш“, додава Алекс Кртов

Повлечени се тројца сведоци, Дејан Панделески, Владимир Тодоровиќ и Јовче Ременски, а за утре останува да сведочи Фросина Ременски, на предлог на Јовановски.

Судењето за „Рекет“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.На денешно рочиште требаше да бидат сослушани уште тројца сведоци, но Владимир Тодоровиќ, Дејан Панделески и Јовле Ременски беа повлечени од одбраната, а сведокот Лидија Јаневака доставила медицинска документација дека е под стрес и не може да сведочи.