Серија на земјотреси денеска ја затресоа Хрватска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во 14 часот и 59 минути е регистриран земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтер во Јадранското Море, на територијата меѓу Сплит и Биоград на Море, објави ЕМСЦ.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 15 километри.

Малку по 17 часот, ЕМСЦ извести и за земјотрес со јачина од 2,4 степени на околу 13 километри североисточно од Задар.

Сеизмолошката служба извести за два земјотреси на Велебит.

„Денеска, 13.10.2024 година, сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа два слаби земјотреси на Велебит. Епицентрите на двата земјотреси биле лоцирани во близина на Девчиќ Драга, на околу 15 километри источно од Паг или на околу 32 километри северно од Задар“, велат од Сеиозмолошката служба.