Серија на земјотреси во Алжир, најсилниот бил 6 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Серија на земјотреси ноќеска го погоди северниот дел на Алжир. Најсилниот од нив бил со јачина од 6 степени според Рихтер.

Се наведува дека земјотресите предизвикале паника меѓу населението, но нема жртви.

Епицентарот бил на 20 километри североисточно од градот Беџаја, на длабочина од 10 километри.

После него, следуваа мали потреси. Причинета е само материјална штета. Засега е пријавено дека неколку стари градби биле срушени.