Јужна Кореја денеска објави дека воведува санкции за 15 севернокорејски ИТ експерти и еден деловен субјект поради нивната улога во нелегални сајбер активности насочени кон финансирање на развојот на нуклеарните и ракетните програми на Пјонгјанг.
Според Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја, 14 од 15 лица кои ќе бидат санкционирани почнувајќи од понеделник се осомничени дека заработувале пари додека работеле во странство преку нелегални сајбер активности, како што е кражба на криптовалути, кои се користат за финансирање на забранетиот нуклеарен и ракетен развој.
Сите тие припаѓаат на Генералното биро 313 на севернокорејското Министерство за специјални индустрии (МИД), кое е задолжено за производство на оружје и поврзано истражување и развој, пренесува Јонхап.
