реклама

Северна Кореја се враќа на меѓународната спортска сцена

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

По повеќе од три години изолација, Северна Кореја се враќа на меѓународната спортска сцена, откако пријави 190 спортисти за настап на претстојните 19. Азиски игри во Кина.

Меѓу спортовите во кои ќе настапат севернокорејските натпреварувачи на Игрите од 23 септември до 8 октомври во Хангжу се атлетика, кревање тегови, кошарка, фудбал и бокс.

реклама

Северна Кореја се повлече од меѓународната спортска сцена во 2020 година поради пандемијата на коронавирус и ги пропушти Олимписките игри во Токио, а поради едностраната одлука потоа доби забрана за настап на Зимските олимписките игри во Пекинг истата година.

На одлуката за настап на Азиските игри претходеше учество на севернокорејската таеквондо репрезентација на турнир во Казахстан во август, а претходно севернокорејски кревачи на тегови беа пријавени на турнир во Куба во јули, но не отпатуваа. 

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама