Второто полугодие во Тетово започна со 610 ученици помалку, кои отсуствуваат поради сезонски грип. Поголемиот дел од нив се ученици од основните училишта, но висок е и бројот на средношколци кои не посетуваат настава.
-Според податоците што ги имаме досега, во основните училишта има до 400 ученици кои не го следат образовниот процес поради вирусни инфекции, како и приближно 210 ученици во средните училишта кои исто така се со вируси. Веруваме дека оваа фаза на вируси ќе се намали и учениците ќе се вратат во училишните клупи. Апелираме до родителите децата кои имаат вирусни инфекции да не ги пуштаат на училиште, вели Назми Даути – сектор за образование.
Основното училиште „Лирија“ во Тетово има најголем број на отсутни ученици. Директорката Фарие Идризи-Касами вели дека во секој одделение отсуствуваат од 5 до 13 ученици
-Во некои паралелки имавме по 12 ученици, во други по пет, зависно од класот, и апел до родителите: доколку нивните деца имаат симптоми на грип, да не ги пуштаат на училиште, вели Фарие Идризи-Касами, директорка на ОУ „Лирија“ – Тетово.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, пред неколку дена изјави дека е задоволна што грипот недостигнал ниво кое би барало продолжување на зимскиот распуст. Зборувајќи за загриженоста околу ширењето на вирусите, министерката додаде дека грипот не се добива само на училиште, туку и дома, на улица или за време на скијање.
