Шабани: Имаше доцнење на екипите, но работите брзо се решени – гласањето е при крај

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани во живо во вестите на ТВ21 објасни како се одвива денешното гласање на граѓаните кои се заразени со коронавирус и во самоизолација.

Тој потврди дека имало одредени задоцнувања при самото излегување на тимовите кои го спроведуваат гласањето кај лицата со ковид-19 и во самоизолација.

„ДИК направи се за да започне овој процес онака како што треба, имаше одредени задоцнувања при самото излегување на одредени тимови кои ќе го спроведат гласањето на гласачите кои се позитивни на коронавирус или во изолација, меѓутоа тие работи се решија на брзина и ова гласање продолжува и во голем дел од општините веќе е при крај“, истакна Шабани за ТВ21.