Случајот со Амбла, девојче со Даунов синдом на која не ѝ беше дозволено да учи заедно со нејзините врсници, беше тема на дебата во „Клик Плус“. Оваа тема го отвори и прашањето – колку се подготвените училиштата во нашата земја да работат со децата со посебни потреби? Министерот за образование, Јетон Шаќири најави дека ќе се сретне со Комисијата која врши проценка на децата со посебни потреби. Целта е да се детектираат проблемите кои произлегуваат од инклузивниот образовен систем.
-Целта на постигнувањето и покревањето на оваа тема е со цел и другите случаи, и минимални да се тие процедури, секој треба да мисли позитивно и општеството треба да сфати дека нема никаков проблем доколку некое дете има проблеми со неговиот развој. Во другите случаи со пријавувањето асистенти, почнаа да се пријавуваат и други случаи кои не се многу на број, но со пријавувањето асистенти, не сакале да се пријават во системот“, вели Шаќири.
Клиничкиот психолог, Земријет Беља, говореше за случаите кога лицата со Даунов синдром стигнале и до повисоки студии.
-Имам случаи кои сум ги видела за време на студиите во Турција, магистер сум по клиничка психологија и случаите што ги имаме видено таму се дека овие деца можат да стигнат и до универзитетско образование да завршат, значи имаат способност. Но, најголемиот проблем е нивното прифаќање од страна на другите, рече Беља.
Таткото на Амбла, Илир Адеми, ја нагласи потребата од соодветна обука на наставниците за децата со посебни потреби, бидејќи, како што вели, кога Ембла требала да следи настава во некоја паралелка, ниту една наставничка не преземала одговорност.
„Затоа институциите, МОН, локалната власт, треба да работите во тој правец за обуката на наставниците да се врши на соодветен начин. Се надевам дека од сега натаму тоа ќе биде модел за обука на наставниците за да можат да се соочат и со вакви случаи“ вели Адеми.
Аналитичарот Љатиф Мустафа, коментирајќи ја петицијата потпишана од родителите на училиштето „Башкими“, рече дека никој не смее да го негира правото на образование кое го гарантира Уставот и општата Повелба за човекови права.
-Многу е важна формулацијата врз чија основа е направена петицијата. Врз кој критериум? Кој е тој авторитет кој направил таква констатација? Или е само перцепција па дури и погрешна од страна н а родителите, или н а некој друг. Поттикнати еден од друг, ајде ќе правиме петиција, а петицијата не ја решава работата. Нешто што е гарантирано со Устав и универзалната карта на човекови права , никој не може да го негира, рече Мустафа.
Министерот Шаќири рече дека во целата земја минатата година, согласно податоците за децата со посебни потреби, биле ангажирани 500 образовни асистенти и дека се обезбедени средства и за следната учебна година.
