Нема да престанеме да работиме на реформа на државната администрација додека не стане синоним за ефикасност, објави денеска на својот фејсбук профил, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.
Ќе постигнеме ефикасна државна администрација преку:
– Целосна реорганизација на јавната управа;
– Јавно и значително дефинирање на надлежности на сите нивоа во администрацијата;
– Носење нов закон за висока раководна служба;
– Нов систем за овенување на институциите, а не на индивидите;
– Израмнување на платите во администрација за иста работа, објави Шаќири.
