Шасивари на средба со црногорскиот амбасадор Миљаниќ: Продлабочување на соработката во реформите и европската интеграција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за правда, Јетон Шасивари оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Македонија, Зоран Миљаниќ, на која ги разгледале можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка во правосудството, владеењето на правото и европската интеграција, соопштија од Министерството за правда.

„На средбата беше истакнато високото ниво на соработка меѓу двете земји, јакнењето на владеењето на правото, независноста на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и унапредувањето на транспарентноста и дигитализацијата на правосудството. Искуството на Црна Гора покажува дека европската интеграција не е политички слоган. Таа е процес што се мери преку европски закони, функционални институции и конкретни, проверливи резултати“, се вели во соопштението на ова министерство.

Како што велат оттаму, особено во правосудството, европските стандарди не се само прашање на усогласување на законите. Тие се докажуваат преку независно судство, ефикасна борба против корупцијата и доследна примена на законите.