Русија упорно го одложува мировниот дијалог со Украина и создава впечаток на дипломатија, изјави шефот на украинската делегација на преговорите, украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров, а јави „Москва тајмс“ .
Според него, Москва само доставила меморандум за условите за решавање на конфликтот за време на состанокот во Истанбул, кој се одржа вчера. Како резултат на тоа, состанокот, кој се подготвувал повеќе од две недели, „не ги даде потребните резултати за завршување на војната“.
„Се чини дека Русите повторно одолговлекуваат, обидувајќи се да создадат „слика на дипломатија“ за Соединетите Американски Држави без никакви вистински потези“, рече Умеров.
Единственото достигнување од втората рунда преговори, според шефот на украинската делегација, беше договорот за размена на сите тешко болни и тешко ранети воени заробеници и лица под 25 години, како и враќање на телата на загинатите во форматот „6000 за 6000“.
„Поднесена е и целосно проверена листа на киднапирани украински деца. Враќањето на барем дел од овие деца би бил хуманитарен чин ако Русија навистина сака да се движи кон мир“, нагласи Умеров.
Тој додаде дека Киев е подготвен да одржи состанок на ниво на лидерите на Украина и Русија до крајот на јуни, но ако за руската страна преговорите се обид за одложување, тогаш „треба да има само еден одговор: заострување на меѓународните санкции“.
