Шеќеринска: Гласав за Талат Џафери да биде претседател на Собрание по цена да го изгубиме животот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Носителката од СДСМ во изборната единица 5, Радмила Шекеринска во изборната дебата на ТВ21 посочи дека гласала за Талат Џафери да биде претседател на Собранието по цена да изгубат живот.

„Јас како пратеник во нашето Собрание гласав Талат Џафери да биде претседател на Собранието, не заради тоа што е Албанец туку затоа што сметавме дека дојдено е времето за промени во Собранието, и јас и моите колеги можевме да го изгубиме животот затоа што го дадовме гласот, но велам тие колеги беа и Македонци, и Албанци, Турци, Роми, и Срби, и Власи и Бошњаци. Сите можевме да бидеме жртва, но не верувавме дека даваме глас за Албанец туку за човек со име и презиме“, истакна Шекеринска.

Таа додаде дека граѓаните очекуваат на овие избори да дадат доверба на луѓе со име и презиме кои ќе ги решаваат нивните проблеми.

Носителот од ДУИ во петтата изборна единица Талат Џафери на изјавата на Шекеринска додаде реплика дека неодговорноста на партијата која сега е во опозиција била причината за живот или смрт.