Шеќеринска и Џафери за изборот на прв претседател Албанец во Собранието

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Носителите од СДСМ и ДУИ во петтата изборна единица Радмила Шекеринска и Талат Џафери разговараа за изборот за прв претседател Албанец во Собранието.

„Ние сите гласавме за Талат да биде претседател на Собранието и тоа беше поводот за да се обидат да не убијат“, порача Шекеринска.

„Сите гласавме да имаме претседател на Собранието, а дали Талат или кој ќе беше тоа e работа на политичка одлика и политички договор“, додаде Џафери.