Во Маврово викендов се одржа традиционалниот параглајдинг натпревар „Маврово Опен 2021“.
Оваа година натпреварот имаше поголемо значење бидејќи беше дел од Евро Куп серијалот кој се одржува на пет локации во светот вклучувајќи го и Маврово.
Меѓу параглајдерите присутна беше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска со која кратко разговаравме во рамки на емисијата „Пастел“ на ТВ21.

За ова искуство министерката истакна дека досега 20 години се подготвувала.
„Сега ми е криво што тоа не сум го направила порано. На секого го препорачувам, и во поглед на убавината овде во Маврово и во поглед на адреналинот кој се создава“, порача Шекеринска.
Таа вели дека за овој предизвик треба да се оди само во сигурни раце.
Целиот разговор во продолжение:
