Командантот на КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ, во седиштето на НАТО во Брисел се сретна со заменик-претседателката на НАТО Радмила Шекеринска.
На платформата „X“, таа напиша дека КФОР продолжува да игра клучна улога во рамките на мандатот на ОН и ја нагласи посветеноста на НАТО кон мирот и стабилноста на Западен Балкан.
„Со задоволство го пречекувам командантот на НАТО-КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ, во седиштето на НАТО и што тој ќе се придружи на уште еден состанок на Северноатлантскиот совет. НАТО/КФОР продолжува да игра клучна улога, во рамките на својот долгорочен мандат од ОН. НАТО останува силно посветен на мирот и стабилноста на Западен Балкан“, напиша таа на „X“.
