Шекеринска: Словенија ги става на располагање сите свои капацитет за гасење на пожарите кај нас

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на својот „Фејсбук“ профил напиша дека имала разговор со словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин, и добила одговор дека Словенија ги става на располагање сите капацитети за гасењето на пожарите во Македонија.

„Штотуку разговарав со словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин – Словенија ги става на располагање сите свои капацитети за гасење на пожарите кај нас. Веќе започна комуникацијата помеѓу институциите. Благодарност до нашите пријатели и сојузници во НАТО. Благодарам Матеј!“, напиша Шекеринска.