НАТО силно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина во согласност со Дејтонскиот мировен договор“, рече Радмила Шекеринска пред состанокот на Северноатлантскиот совет (НАЦ), кој го сочинуваат амбасадори од земјите-членки на НАТО – додаде таа, при што побара да се почитува уставниот поредок на земјата.
„НАТО силно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина во согласност со Дејтонскиот мировен договор. Дејтонскиот мировен договор мора да се почитува. Тоа е камен-темелник за стабилноста и државната архитектура на Босна и Херцеговина. Второ, уставниот поредок во Босна и Херцеговина мора да се почитува. Нема да прифатиме никаков безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина. И нема да дозволиме тешко стекнатиот мир да биде доведен во ризик. Трето, Босна и Херцеговина е важен партнер. Подготвени сме дополнително да ја зајакнеме нашата соработка – преку имплементација на Пакетот за зајакнување на одбранбениот капацитет, преку секојдневните напори на нашиот штаб во Сараево и Единицата за поддршка на политичкиот ангажман“, вели Радмила Шекеринска.
