Шест хрватски државјани се задржани на уште еден брод во Азија поради коронавирусот.
Според информациите на регионалните медиуми, сите шестмина се во добра состојба и засега не покажуваат симптоми на вирус, но ќе мораат да бидат задржани две недели во карантин
„Министерството за надворешни и европски работи, преку хрватската амбасада во Народна Република Кина, доби потврда дека шест хрватски државјани се наоѓаат на бродот „World Dream Cruise Ship“ во Хонг Конг.
Хрватската амбасада во Народна Република Кина е во контакт со надлежните органи и ќе им обезбеди на хрватските граѓани целата неопходна конзуларна и друга помош, во нивна надлежност“, изјави портпаролката на министерството.
На бродот има повеќе од 1.800 патници и е ставен во карантин откако дел од членовите на екипажот пријавиле и се пожалиле на висока температура.
Вирусот во овој брод е дијагностициран кај тројца Кинези, од внатрешноста на земјата, кои патувале од 19 до 24 јануари, истакна здравствениот оддел од Хонг Конг.
За потсетување, шест Хрвати, исто така, се во карантин на јапонскиот брод „ Diamond Princess“. Засега сите се добри и немаат никакви симптоми на инфекција со коронавирус.
