Шест промени во Владата на „Заев 3“ – министер, само ако се пронаоѓаш како министер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Реконструкција на Влада и најмалку шест нови министри во „Заев 3“.

„Треба да работи, да остане да работи, тој кој што се пронаоѓа себе си во министерската работа, без разлика за кој ресор, тој што покажал резултати, а евидентни се критериумите за успех во работата итн“, истакна Венко Филипче.

А кој друг се пронаоѓа како министер?

„Сметам дека сите ние како министри имаме обврска да дневно спроведуваме активностите за кои што сме платени од граѓаните, доколку се случи промена секако дека таа доаѓа како предлог на мандатар“, порача Мила Царовска.

„Неминовно е да има реконструкција на Влада имајќи го во предвид дека веќе имаме приложено оставка од страна на министерот за земјоделие и двајцата заменици кои доаѓаат од Движењето Беса, во делот на ДУИ ние сме го кажале нашиот став дека нема потреба од измени на членовите на Владата од ДУИ“, вели Крешник Бектеши.

„За мене најважно е да ги дадам сите мои, со сите мои капацитети, со сите мои можности, можностите на министерството и сите  институции кои ги раководи МТВ да направиме се во овој нареден период  да сработиме што е можно повеќе“, посочи Благој Бочварски.

Преговорите се уште се во тек и нема инфорации кои се најмалку шесте министри кои ќе ја напуштат Илинденска број 2.

Покрај министерот, во одложена оставка е и премиерот Зоран Заев откако ги загуби локалните избори.