Шеста жртва од коронавирусот во Италија, рапидно расте бројот на заболени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бројот на заразени од корнавирусот во Италија, расте од час во час. До сега починаа шест лица, а сите жртви се во постара доба од животот.

Најновата жртва е 86-годишна жена.

Досега бројката на заразени изнесува 200 лица. Властите од сите европски земји апелираат да не се патува во северниот дел на Италија. Истата препорака ја даде и министерот за здравство Венко Филипче.