Бугарите во Македонија во Битола, Кавадарци, Скопје, Струмица, Велес и тука во Охрид денеска може да гласаат на шестите парламентарни избори кои се одржуваат во последните три години. За прв пат оваа година може да гласаат и за европските избори, но само во Скопје и Битола. На минатите избори гласаа 461 лице.
Аналитичарите велат дека е малку веројатно дека изборите ќе создадат стабилна влада која може да стави крај на долгата политичка нестабилност и да ги деблокира економските реформи.
„Јас не сметам дека Бојко Борисов, но и било кој друг политичар ќе репреговара нешто што е веќе договорено. Да се потсетиме дека всушност потписот на Бојко Борисов стои под тој Договор. Тој се случи за време на Владата на Бојко Борисов. Мислам дека, во овој контекст, чувствата треба да бидат максимално исклучени, а погледот да биде насочен кон она што е важно за секоја држава, а тоа е во насока на граѓаните, не на чувствата, туку граѓаните да живеат подобро“, вели Маринела Величкова.
Има 120 пријави од Бугари кои се пријавиле за гласање, но овој број може да биде поголем, бидејќи во избирачките места може да се појавите и да гласате, иако претходно не сте се пријавиле. За разлика од минатите избори, оваа година нема да се гласа во Тетово, каде пак минатата година за прв пат се отвори избирачко место.
На парламентраните избори ќе учествуваат 32 политички формации – 20 партии, еден независен кандидат и 11 коалиции, кои ќе се борат за 240 пратенички места во бугарскиот парламент.
Во случај на неуспех, наесен би можело да се организираат нови избори, што според аналитичарите е многу веројатно сценарио.
Бугарија, најсиромашната членка на Европската Унија и една од нејзините најкорумпирани држави.
