Шилегов: Автобусите на ЈСП секојдневно се предмет на целосна дезинфекција, здравјето на секој е најважно

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот „Фејсбук“ профил објави фотографии од утринската дезинфекција на автобусите на ЈСП, напоменувајќи дека автобусите на јавното сообраќајно претпријатие секојдневно се дезинфицираат како заштита од коронавирусот.

„Автобусите на ЈСП Скопје, секојдневно пред и после пуштањето во системот на превоз, се предмет на целосна дезинфекција.

Апелираме на смиреност и почитување на препораките на надлежните државни институции, како и на одговорно однесување кон колективното здравје, на секој од нас поединечно.

Здравјето на секој човек е најважно.

Фотографиите се од утринсково дезинфицирање.“, напиша Шилегов.