Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов бара поголема контрола врз другите општини со цел да не се случат повторно Матка, Мавровка и Холидеј ин.
„Има простор и начин како да се подобри делот на јавната хигиена, делот на комуналната хигиена, делот на зголемување на функционалноста на општините кој ќе го овозможиме со уредување на односите меѓу Градот и општините за да се знае кој што прави. Не сум задоволен како се развива урбанизмот во градот, меѓутоа многу е мало влијанието на градот затоа и некогаш во јавноста кажувам дека е добро градот да има некаква супервизија врз работите што се случуваат внатре во општините“, посочува Шилегов во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.
Тој вели дека тоа би било во инспекциска смисла со цел да избегнат немило чувство кај граѓаните.
„Не знам дали тоа беше платформата на Матка, па ни се случи Холидеј ин, па Мавровка. Тој тип на работи кои што прво како граѓани не ги посакуваме, меѓутоа мора да го најдеме најоптималниот начин на функционалност на институциите“, додава Шилегов.
