Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов за ТВ21 истакна дека можно е да има ретерирање од страна на некои политички партии со цел заеднички да дојдат до некоја определена цел.
„Важно е да дојдеме како општество во целиот тој циклус, заеднички, а не да биде на некој начин условување за воспоставување на политичка соработка. Очекувам дека е можно да има ретерирање од таков тип на условување како заеднички би дошле до определена цел“, порача Шилегов.
