Шилегов: Реконструирани патеките во вториот дел на Градскиот парк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека патеките во вториот дел на Градскиот парк, што долго време беа запуштени, сега се реконструирани.

„Извршена е и замена на канделабрите, а поставени се и нови клупи и канти за џебен отпад. Новите патеките ги провоцираат скопјани уште почесто да го посетуваат паркот и да уживаат во неговите убавини, како и во новите стандарди и услови што тој им ги нуди“, посочува Шилегов.