Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави музички предизвик со цел поддршка на домашната музика.
„Од мојот пријател Тони Зен на подарок добив два негови албуми па тоа ме натера да се потсетам на времето кога активно собирав плочи и се гордеев на мојата колекција. Во деновите кога задолжително седиме дома, а локалните музичари имаат многу помалку ангажмани, е идеална прилика да поддржиме домашна музика и да им помогнеме на овие наши сограѓани“, посочува Шилегов.
За таа цел тој ги номинираше Коста Петров, Радмила Шекеринска и Јани Макрадули.
„Затоа, денеска набавив три изданија на македонски музичари и им ги испратив на Коста Петров, Радмила Шекеринска и Јани Макрадули, за да ги повикам да учествуваат во #ЛокаленМузичкиПредизвик и да го прошират кругот, подарувајќи им музички изданија на своите колеги и пријатели, а со тоа да им помогнат на локалните музичари во продажбата на своите албуми“, додава Шилегов.
се пофали дека од неговиот пријател Тони Зен на подарок добил два негови албуми, а ваквиот гест го натерало да се потсети на времето кога активно собирал плочи и се гордеел со колекциите кои ги поседува.
„Во деновите кога задолжително седиме дома, а локалните музичари имаат многу помалку ангажмани, е идеална прилика да поддржиме домашна музика и да им помогнеме на овие наши сограѓани“, посочува тој.
