Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека во првите 10 дена од месец јули целосно ќе биде завршена реконструкцијата на кејот „13 ноември“.
„Успеавме да најдеме компромис со бизнис заедницата која што таму стопанисува, и тој простор добива вредност и убавина во смисла на тоа дека средишните тераси ги нема, имаме прекрасен дрворед таму и ќе биде во употреба на граѓаните. Терасите на објектите се проширени, но тие нема да влијаат на јавниот простор“, вели Шилегов.
Тој вели дека е задоволен од тоа каков изглед добива овој простор.
