Шилегов за каранфилите на ДПМНЕ пред Влада: Ако ги почитуваа семејствата кои изгубија луѓе, немаше да го направат тоа – си играат со емоциите на луѓето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 разговараше и за каранфилите со црни панделки кои беа оставени пред Владата во знак на помен на починатите од коронавирус од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека ако тие ги почитувале семејствата кои изгубиле луѓе, немало тоа да го направат.

„Немаат ништо свето, лесно си играат со емоциите на луѓето“, вели Шилегов.

За потсетување, од ВМРО-ДПМНЕ денеска пред Владата оставија 1.071 каранфил во знак на почит кон 1.071 починат од коронавирусот.