Велшкиот тим ТНС или Њу Сеинтс, е противник на Шкендија во првото квалификациско коло во фудбалската Лига на шампиони. Тетовскиот тим доби релативно добар противник, со кој може да се надигрува и да се пласира во следното квалификациско коло.
Шкендија веќе играше против ТНС во сезоната 2018/19 во 1. квалификациско коло. На домашен терен победи со 5-0, додека на реваншот загуби 4-0, и така се пласираше во следната рунда.
Првиот натпревар Шкендија го игра на гости на 8/9 јули, а реваншот е 15/16 јули на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
