Шкендија успеа да го „тресне“ Тотенхем со прекрасен гол, но не и да избегне пораз од фаворитот (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во 3. квалификациско коло вечерва Шкендија на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје е поразен од големиот фаворит Тотенхем.

Англискиот тим дојде рано во водство, уште во 4. минута преку Ламела. Акција на Сон, асистенција до Ламела и топката е во мрежата. Во продлжението уште неколку шанси, но промена на резултатот немаше.

Прекрасниот гол на Нафиу донесе резултатски „егал“. Од 25 метри играчот на Шкендија ја заби топката под пречката на голот на Харт.

Меѓутоа само 15 минути подоцна во 70. минута водството на Тотенхем го врати Сон, за Кејн во 79 минута да стави конечен „печат“ на победникот.

Шкендија најдолго остана во Европа и оваа сезона, но не можеше да дојде до изненадување против тимот на Мурињо кој одигра онолку колку требаше да дојде до победа. Сепак, Португалецот имаше тешка задача, па мораше да ги внесува Лукас и Кејн, за да стигне до триумфот.

Головите од мечот низ видео: