Петок, 20:45часот, Македонија ја очекува нов предизвик. На легендарниот Хемпден Парк во Глазгов, нашите фудбалери излегуваат на мегдан против Шкотска.
Историјата вели дека овие две селекции досега одиграле пет меѓусебни натпревари. Шкотска има три победи, Македонија една, а еднаш дуелот завршил без победник. Последната пресметка беше во Скопје, кога Шкотите славеа со 2:0.
Во досегашните натпревари од Лигата на нации, Македонија има четири порази: од Швајцарија со 3:0, од Словенија со 2:0, од Шкотска со 2:0 и повторно од Швајцарија со 3:0.
Но, секој нов натпревар е нова приказна! А Глазгов е местото каде што нашите момци ќе бараат можност за промена на состојбата!
Можеби е време за изненадување?
