Шкупи поразен од Балкани во првиот натпревар во плеј-офот на Конференциската лига

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шкупи е поразен на домашен терен во Скопје од Балкани во првиот натпревар во плеј-офот во Конференциската Лига. На крајот косовскиот тим славеше триумф од 1-2, и се доближи до историски пласман во групната фаза на едно европско натпреварување. Балкани сега на реваншот ќе има предност, која ќе треба да ја одбрани, а Шкупи ќе мора да брка триумф ако сака да избегне елиминација.

После првото полувреме резултатот беше израмнет 1-1. Шкупи имаше 2-3 зрели шанси, додека Балкани од единствената прилика во првите 45. минути постигна гол.

Адетунџи во 19. минута стрелаше прецизно во голот, откако нафрлената топка од Алварез со глава ја смести во мрежата на Балкани.

Сепак, во 22. минута Рахмани го израдува косовскиот тим. Нафрлена топка од левата страна, и напаѓачот на Балкани од непосредна близина со нога го совлада Наумовски.

Во вториот дел Балкани дојде до предност. Кореница постигна убав гол и го донесе гостинот до предност во 67. минута. Веднаш се обиде да врати Хамиди, но во 69. минута ја погоди само пречката од голот на гостите. Претходно Цефас излезе сам пред голот, но гостинскиот голман Љуљановиќ одлично интервенираше.

До крајот на мечот Шкупи беше подобар и имаше две добри шанси да избегне пораз, а им беше поништен и гол на Адетунџи. Во судиското надополнување Цефас имаше одлична шанса, меѓутоа од само 3-4 метри со глава го префрли голот, што беше последната прилика на Шкупи да се спаси од пораз.