Шкупи со пораз и на реваншот со Санта Клара, заврши со настапите во Лигата на Конференции (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва Шкупи на гостувањето кај Санта Клара на Азорските острови на Атлантикот, го загуби и вториот меч, со што е елиминиран од Лигата на Конференции со вкупни 0:5.

Санта Клара со два гола во првиот дел стигна до победата од 2:0, а чаирчани во текот на мечот имаа 3-4 изгледни шанси да го ублажат поразот, па дури и да го избегнат.

Во 13. минута по една нафрлена топка од левата страна, на вториот дирек со глава Карваљо донесе водство од 0:1. Во 39. минута Вилануева исто така со глава по нафрлен корнер успеа да зголеми на 2:0. Во финишот Шкупи ја погоди стативата од противничкиот гол.

Во второто полувреме чаирчани беа подобар противник, имаа две супер шанси преку Цветаноски и Алварез, но противничкиот голман успеа да одбрани. Во финишот Цветаноски исто така имаше прилика барем да намали, но не успеа.