Шолц и германските министри разрешени, ќе ги извршуваат функциите како вршители на должност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Олаф Шолц и министрите во германската влада денеска добија потврди за разрешување од своите функции, но ќе останат како вршители на должност сè до именувањето на новата влада, пренесе „Шпигел“.

Пред да му ги врачи потврдите за разрешување на Шолц и неговите 14 министри, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер потсети дека оваа влада се соочи со пандемијата на коронавирусот, војната во Украина и војната во Појасот Газа.

„Како сојузна влада, моравте да дејствувате брзо и одлучно. Моравте да се движите по неистражена територија и да барате нови патишта“, изјави Штајнмаер, изразувајќи благодарност до Шолц за одговорот на нападот врз Украина, оценувајќи дека станува збор за „огромен напор“.