Шолц: Нападот на Иран врз Израел ризикува да го запали целиот Блиски Исток

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На ескалацијата на Блискиот исток реагираше и Германија.

– Иранскиот напад врз Израел ризикува да го запали целиот Блиски Исток, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

Шолц со „најголема решителност“ го осуди лансирањето на околу 200 ирански ракети на израелска територија.

– Хезболах и Иран мора веднаш да ги прекинат нападите врз Израел, додаде Шолц.

Германија ги повика своите граѓани во Иран да ја напуштат земјата.