Шолц од Киев: Германија ќе остане најсилниот поддржувач на Украина во Европа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Германскиот канцелар Олаф Шолц, пристигна денеска во својата прва посета на Киев после 2,5 години. Тој ќе има средба со претседателот на државата Володомир Зеленски.

Шолц најави дека до крајот на декември ќе бидат извршени испораки на оружје во вредност од 65- милиони евра за поддршка на одбраната на Украина.

„Германија ќе остане најсилниот поддржувач на Украина во Европа. Украина може да смета на Германија“, рече Шолц.

Тој во Киев пристигна со специјален воз, а неговата посета беше ненајавена од безбедносни причини.

Полц рече дека неговата посета во знак на сочувство на земјата која „херојски“ се брани против „безмилосната војна на Русија“ повеќе од 1.000 дена.