Полицијата во шпанскиот град Аликанте денеска уапси 10 лица, од кои повеќето се колумбиски државјани, под сомнение за трговија со луѓе и принудна проституција.
За време на операцијата, полицијата спаси девет жени и заплени пиштол со 50 куршуми, повеќе од 4.000 евра во готовина, мобилни телефони, кокаин, вијагра и документација поврзана со наводна сексуална експлоатација.
Според RTVE, организацијата ги чувала жените во куќа со две соби без вентилација и природна светлина, а во собите имало аларм кој заѕвонил кога требало да излезат да се покажат пред клиентите.
