Штетата од поплавите во БИХ изнесува повеќе од 120 милиони евра

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поројните поплави што на 4 октомври погодија делови од централна Босна и Јабланица и Коњиц во БИХ, освен што предизвикаа смрт на 27 лица, предизвикаа и голема материјална штета која се проценува на повеќе од 120 милиони евра.

Дирекцијата за цивилна заштита на Федерацијата Босна и Херцеговина подготви и испрати до владиниот ентитет информации за досега утврдените штети. Од оваа прелиминарна проценка произлегува дека вкупната штета на територијата што припаѓа на Херцеговско-неретванската жупанија е поголема од 122 милиони конвертибилни марки или околу 62 милиони евра, а во округот Централна Босна околу 55 милиони ковертибилни марки или 28 милиони евра.

Најголеми штети претрпе градот Коњиц, каде сериозно беше оштетена водоводната инфраструктура. Се проценува дека штетата во тој град достигнала сума од околу 71,2 милиони конвертибилни марки или околу 36,4 милиони евра. Најголем дел од штетите се поврзани со водоводната инфраструктура.

Во атарот на Јабланица, каде во селото Доња Јабланица загинаа 19 лица, уништени се 49 станбени објекти, а 180 се оштетени во куќи кои биле погодени од карпи од блискиот каменолом.

Материјалната штета таму се проценува на речиси 50 милиони конвертибилни марки или околу 26 милиони евра.

Штета има и на подрачјето на Мостар, која се проценува на околу 2,6 милиони евра.