Доколку до крајниот рок власта не успее да се договори со опозицијата за поддршка на уставните измени, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, рече дека ќе го продолжат патот барајќи други алтернативни решенија за обезбедување на 80 пратеници. Додаде дека нема да дозволат земјата да стане ничиј заложник, ниту на политичките каприци и наивност.
-Тоа е? Што е алтернативно решение? Велите дека тогаш ќе најдеме . . .
Мислам дека како што пукна тој ден во партијата со неговата изјава дека ги прифаќа уставните измени, така како што поминуваат деновите ќе пукне повеќе за лицата кои велат чекај ти немаш прецизен став за уставните измени, вчера да, денеска не.“, рече Османи.
Прашавме во ВМРО-ДПМНЕ дали сите пратеници на оваа партија имаат унифициран став за уставните измени. Пратеничката Дафина Стојановска, изјави дека власта џабе го троши времето бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е обединета за ставот дека нема да има уставни измени под диктатот на Бугарија.
За Османи барањето на ВМРО-ДПМНЕ уставните измени да стапат на сила по членството на државата во ЕУ нема политичка тежина. Тоа е затоа што, како што објаснува, ќе се промени само преамбулата, а не и во нормативниот дел од Уставот, каде евентуално во иднина би можело да се донесе закон.
