Што е легионела, бактеријата од која починаа три лица во Загреб?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Веста дека три лица во Загреб починале од легионела, предизвика големо внимание не само во Хрватска, туку и во овој регион, но и загриженост како можеме да се заразиме со оваа бактерија.

Помошник директорот на Клиничкиот центар во Загреб изјави дека бактеријата била изолирана во водоводот на болницата, и дека е почнато испуштање на топлата вода, која е погодна средина за развој на бактерии.

Легионела е бактерија која природно се наоѓа во водата, а има најмалку 60 видови. Најмалку 28 од нив се поврзани со инфекцијата кај луѓето. може да се добие откако луѓето ќе вдишат честички што потекнуваат од водени извори загадени со бактеријата Легионела пневмофилија (на пример разладни клима уреди, бањи со разбранувана вода, тушеви), или понекогаш, од почвата или земјата за садење растенија што е загадена со бактеријата

„80-90 проценти од сите инфекции кај луѓето се предизвикани од бактеријата легионела пневмофилија. Има 16 серогрупи, а серогрупата 1 е најчеста причина за болеста. Инфекцијата доведува до болест или тешка пневмонија, но и поблага форма на треска, а симптомите се слични на грип. Во случај на легионела, периодот на инкубација е од два дена до две недели“, рече епидемиологот од Белград Славица Марис.

„Легионелата може да се најде во водниот систем, во бојлерите, особено ако водата се загрева на пониски температури, и као бојлерот не се користи често. Некои системи за отворена вода како што се системи за вода за пирење, базени, созадаваа многу аеросоли и при нормална работа може да бидат извор на легионела.“, рече Марис.

Објасни какви симптоми има оваа болест.

„Легионелата предизвикува тешка пневмонија, а симптомите се висока температура, болки во мускулите, кашлица (сува), болки во градите, тешкотии при дишење, збунетост, дијареа, губење на апетитит. Се лечи со помош на антибиотик. Пациентите главно се опоравуваат без последици, но некогаш може да бидат присутни и долгорочни последици како рестриктивна болест на белите дробови, слабост, замор, ложа меморија и концентрација, губење на памтењето, проблеми со рамнотежата. Смртноста е само 10%“, изјави Марис.

Легионерската болест најчесто ги напаѓа средовечните и луѓето во години, особено оние кои пушат цигари или кои имаат хронична болест на белите дробови. Исто така, зголемен е ризикот за оние со ослабен имунитет заради примање на лекови или како резултат на болести какви што се ракот, откажување на бубрезите, дијабетес.