„ШТО Е ОВА?’’: Африканска прашина ја парализираше Атина: Никој не може да поверува дека градот изгледа вака

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Неверојатна сцена од Грција ги шокираше граѓаните на Атина, но и сите корисници на Фејсбук, каде беше објавена слика од „африканска прашина“. Имено, Атанасиос Цицарас снимил необична сцена, небото е целосно портокалово, а од прашината е создадена магла од која речиси ништо не се гледа.

– Африканска прашина, а не филтер! Блејд Ранер во Атина! Вака би изгледала Атина на Марс – напиша Атанасиос Цицарас.

Во коментарите под објавата на Фејсбук групата „Грција во живо“, луѓето дури прикачуваа и слики од нивните возила, на кои се гледа дебелиот слој прашина што напаѓа.

Таканаречената „африканска прашина“ не е само необична појава во воздухот, туку и многу штетна за здравјето.

Експертите во Грција предупредија дека африканската прашина, која влијае на атмосферата, е токсична и штетна по здравјето на луѓето.

Африканската прашина содржи ситни честички кои се комбинираат со полен, бактерии и габи, создавајќи токсична смеса која е штетна за здравјето на луѓето, особено за респираторниот систем.