Што е поинаков скринингот од извештајот? Одговара Драган Тилев

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државниот советник во Секторот за европски прашања, Драган Тилев вечерва во емисијата „21 Анализа“ на ТВ21 објасни по што е поинаков скринингот од Извештајот на Европската Комисија.

Според него, крупна е разликата.

„Годишниот извештај вели досега сте направиле тоа и тоа, имате такво ниво, во последниот извештаен период сте постигнале толку и толку, и има препораки што понатаму, меѓутоа тоа се краткорочни препораки кои што се обично многу мали на број. Кога говориме за скрининг извештајот, тој е многу подетален. Еве само за фундаменталс кластерот, или кластерот на темелни вредности е преку 130-140 страни. Има неколку делови, едниот е европското право, второто е нашето законодавство – кај сме во однос на европското право, третото е оценката на ЕК, објективна оценка на ЕК за тоа што сме направиле, што треба да правиме е последниот дел се пораките во која насока треба да се движиме, но тоа се многу подетални препораки“, вели Драган Тилев.

Целата изјава во продолжение: