Што мислат постарите лица за вакцината? ТВ21 во дом за стари лица во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Разговараат околу тоа кој ќе се вакцинира.

-Темелко, само вие двајца?
-Вие ќе се вакцинирате, крени рака.

Ова се лицата кои домуваат во еден од Домовите за стари лица во Скопје.
Но, не сите се на став дека треба да се вакцинираат. Некои од нив се против вакцинацијата.

Но, што мислат старите – дали вакцината против вирусот ќе им помогне?

-Па како мисли целиот свет, така ќе мислам и јас.

Директорката на Старечкиот дом, Шермине Махмути, вели дека за време на пандемијата оваа установа работела по посебен деловник. Посетите биле забранети поради безбедноста на лицата сместени таму.

-Ние како институција се разбира дека ја поддржуваме вакцинацијата. Сметаме дека е единствениот начин за да се спасиме од оваа агонија која трае две години. Сепак, како што има разни мислења меѓу населението, па така разни мислења има и меѓу семејствата кои им ги пренесуваат на старите лица. Секогаш оставаме простор за слобода на одлучување-вели Махмути.

Имунизацијата во Домовите за стари лица е почната одамна. Најпрвин беа вакцинирани лицата над 77-годишна возраст со првите 24 илјади дози на „Астра Зенека“.На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 97.004 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.487 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.725 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки 32% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.