Што ново понудија новите лидери? – Повик за обединување на патот кон ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На обединување и враќање на довербата во паријата повика новиот Претседател на СДСМ Димитар Ковачевски. Очигледно оваа партија не размислува за предвремени избори, бидејќи како што истакна новиот лидер нивна е одговорноста за се во годините што следат. Ковачевски потсети на аманетот од поранешниот лидер Заев да се продолжи демократскиот пат и грижа за сите, од тој пат како што рече нема да отстапат. Заедно, одговорно, посветено- е мотото на новиот претседател на СДСМ кој како што изјави синоќа завршиле ветувањата, од денеска  почнува со реализацијата.

„Вечерва можеме сите да славиме, но од утре да ги засукаме ракавите и да се фатиме за работа. Наша е одговорноста за се што ќе се случува со партијата, но и во годините што следат. Секогаш кога СДСМ е силен и има јасна агенда, државата оди напред. Затоа ни треба силен и обединет СДСМ кој има јасни цели и енергија за нивно спроведување“, истакна Димитар Ковачевски.

На локалните избори народот покажа дека има доверба во ВМРО-ДПМНЕ и надеж дека нешто ќе се промени, не смееме да разочараме, не смееме да потфрлиме-истакна Христијан Мицковски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешниот Конгрес на партијата, ставајќи акцент на реформите кои ги направиле изминатите четири години во партијата. Но, реформите допрва следуваат, бидејќи најавуваат нови политики и кадровско освежување. Главниот предизвик во следниот период им се предвремени парламентарни избори, а потребата од истите ја гледаат во гласот на народот.  Да се слуше гласот на интелектуалецот, професорите, писателите, синдикатите, коморите кој бил децении потиснат од конформистите кои уживале на плеќите на народот. Да се врати народот во својата земја. Заедничкиот патриотизам е да имаме различност која меѓусебно ќе ја почитуваме. Борба против корупцијата, намалување на персоналниот данок на 8%, данокот за млади куѓе да биде 0% и раст помеѓу 4 и 6 %, невработеност со едноцифрен број , трговија со криптовалути, развој на вештачка интелегенција и роботика, извоз на земјоделските производи ова се целите на ВМРО -ДПМНЕ за кои зборуваше Мицковски.

„Знам дека постојат родители кои кога ќе им заспијат децата водат разговори како да го поминат месецот. Како да платат рати од кредитот. Како да обезбедат пари за ужинка и топла облека за најмладите членови на смејството. Знам дека постојат професори на кои не им излегува есапот како да купат нов стан. Знам пензионери кои не можат да им купат на своите внуци тоа што им треба. Знам доктори кои размислуваат како да купат авионска карта во еден правец“, додава Христијан Мицкоски.

Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека двајцата лидери имале содржајни, концентрирани, интересни  говори. Созреваат партиите и преку внатрепартиското реформирање.  Што ново понудија новите лидери – е прашањето кое му го поставивме .

„Во двата говора на двајцата лидери, видов повикување на некаква сплотесност што верувам дека укажува дека двајцата се свесни дека треба да има  малку и помирување во општеството и тие константни тензии кои ги имаме како општество поразди тој политички наратив да се намалат затоа што и трпението кај граѓаните се намалува“, вели Алберт Муслиу.

Она што им е заедничко е дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ повикуваат на единство и сплотеност. Од друга страна народот од избори на избори се повеќе покажува дека ја губи довербата во политичарите со интересот за гласање. Муслиу вели дека политиката е за политичарите и кога би си ја работеле добро работата граѓаните како во Белгија воопшто нема да се заморуваат со политика. Заедничко им е и тоа што се насочени кон европскиот пат иако на ВМРО-ДПМНЕ се води по доктрината од 1992 година, но надоградена со евроспски вредности. Она што овојпат изостана се меѓусебните препукувања и напади на двете најголеми партии.